АХВ уништи 1.300 кгр пилeшко месо од Бразил

На почетокот од април заплетени се и уништени  1.300 килоигрми замрзнато пилешко месо чиешто потекло е од Бразил, а во земјава со легален увоз требало да биде внесено преку граничниот премин Ќафасан, информираше во средата Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за коешто, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од кланица којашто во моментот на прегледот не се наоѓала на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубила на 23.03.2017 година, односно се сметало небезбедно за консумирање.

Запленетото замрзнато пилешко месо од Бразил од споменатата пратка било нештетно уништено на депонијата во Струга.

Увозот не месо во земјава се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката, инфромираат од АХВ чиишто инспекциски служби вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка со месо и производи од месо. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а контроли се вршат и при истовар на увезените пратки.

Според востановената практика, во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна, појаснуваат од АХВ.

По неодамнешните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадорот на Република Македонија во оваа земја, Ивица Боцевски, со кој на дневна основа се разменуваат информации за случувањата во тамошниот месен сектор.