„За заедничка Македонија“ и денеска повикува на мирен протест

Граѓаните повеќе од 50 дена се на улиците за зачувување на унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.

Граѓанскaта иницијатива „За заедничка Македонија“ ги повикува сите граѓани, секој ден во 17 часот да дојдат пред владата на Република Македонија.

Тие порачуваат дека граѓаните не сакаат двојазична и бинационална држава, како и дека нема да дозволат федерализација на државата.