
Најмалку 20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбургкоја се случила кога училишниот минибус што ги превезувал удрил во камион и во него избил пожар.
Според локалните власти, повеќето деца биле заробени во завтобусот и веднаш починале при сударот. Неколку деца ја преживеале несреќата и тие веднаш се хоспитализирани. Истрагата за причините за несреќата е во тек.