
Политиката на СДСМ е како приказната за Тројански коњ, од една страна нудат повисока просечна и минимална плата, а од друга страна подметнуваат бинационална држава и прогласување на македонскиот народ за геноциден, рече во петокот во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Политиката којашто ја води СДСМ е како приказната за Тројанскиот коњ. Од една страна нудат просечна плата од 30 000 денари, од друга страна подметнуваат прогласување на македонскиот народ за геноциден. Од една страна нудат минимална плата од 16 000 денари, од друга страна подметнуваат бинационална држава“, рече Милошоски .
Претеникот на од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата додаде дека, исто така, СДСМ договориле ослободување на обвинетите од случаите „Монструм“, „Дива населба“ и „Сопот“ за сметка Зоран Заев да не одговара за случајот „Поткуп“ и другите кривични дела за кои се сомничи.