
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер, особено повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.