
Од денеска па сé до завршување со градежни работи ќе биде изменет режимот на сообраќај на улицата „Филип Втори Македонски“.
Како што соопштија од АД Гранит времениот режим е поради прекоп на улицата за приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација.