Француските избирачи од прекуморските територии го започнаа први во саботата гласањето на изборите за претседател на Републиката во првиот круг, кој во самата Франција ќе се одржи во недела.
Точно во 12 часот по париско време беа отворени избирачките места во Сен-Пјер и во Микелон. Во следните неколку часа на тамошните гласачи ќе им се придружат и жителите на Гвадалупе, Мартиник, Француска Гвајана и Француска Полинезија, како и вработените во француските дипломатски мисии во Северна и во Јужна Америка.
Ваквото порано гласање е поради разликите во временските зони, додека конечните резултати истовремено ќе бидат објавени и во престолнината и на француските прекуморски територии во западната хемисфера каде што право на глас имаат 880.000 луѓе.
Во меѓувреме во континенталната Франција е предизборен молк. Во пресрет на гласањето кандидатите ги очекуваат резултатите од своите кампањи за коишто гласачите ќе започнат да гласаат во неделата утрото.
За влез во вториот круг од француските претседателски избори се натпреваруваат 11 кандидат. Како фаворити се сметаат основачот на центирстичкото движење „Напред“, поранешниот министер за економија Емануел Макрон, челничката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен и кандидатот на опозициската конзервативна партија Републиканци, поранешниот премиер Франсоа Фијон.
Меѓу кандидатите од „задниона“ се челникот на левото движење „Непокорна Франција“, Жан-Лук Меланшон, кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Беноа Амон, челникот на партијата Исправи се Франција, Николја Дупон-Ењан, лидерот на Народниот републикански сојуз, Франсоа Аселино, кандидатот на Новата антикапиталистичка партија Филип Путу, кандидатот на француските комунисти Натали Арто, како и основачот на партијата Солидарност и развој, Жак Шеминад и пратеникот Жан Ласал.
Според анкетите, во првиот круг од изборите ќе гласаат помалку од 70 отсто од вкупниот број француски избирачи, што за Франција е скромен показател. Исто така, тоа покажува на неизвесност во конечниот исход кој ќе биде познат по гласањето во вториот круг кој ќе се одржи на 7 мај.