ОК Кисела Вода и хуманитарната организација „Св. Спас“ организираа ручек за загрозените семејства

Хуманитарната организација „Св.Спас“ од Драчево која е формирана во рамки на Црквата „Св.Спас“, со помош и поддршка од Општинскиот комитет на Кисела Вода организираа ручек за 60тина семејства од ранливи категории.
Имено, како што истакна отец Оливер, организацијата веќе подолг период обезбедува донации во продукти и истите ги дистрибуира на семејствата кои што се од различни населени места од државата, од различна националност и верска припадност.

Претседателот на ОК Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека општествената одговорност кон ранливите категории е еден од приоритетите во нивното дествување.

ручек 12

-Водејки се од демохристијанските вредности во изминатиот период имавме голем број на хуманитарни активности. Во таа насока е и денешниот ручек организираан за ранливите семејства, со кои остануваме во контакт за соработка и во периодот кој што следува, истакна Ѓорѓиевски. Организацијата во моментов има 68 семејства, број кој од следиот месец ќе биде зголемен на 72, кои се благодарни за добиената помош.