Почина работник при пад од платформа во „Мак-Прогрес“

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера околу 14:40 часот, додека А.Г. (60) од кочанското село Горни Подлог, работел во хала-луштара во кругот на фирмата „Мак-Прогрес“ во Виница.

Тој бил качен на платформа на висина од околу три метри при што во еден момент згазнал на гипсена табла и паднал.

Со возило на итна медицинска помош А.Г. е пренесен во Општа болница Кочани, каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде во 16:40 часот починал.