НБА: Бостон и Јута изедначија во плеј-офот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон Селтикс закрепнаа по двата стартни домашни пораза и со две победи на гостински терен го изедначија резултатот во серијата со Чикаго Булс на 2:2, откако ноќта кон понеделникот славеа во „Јунајтед Сентер“ со 104:95.

Селтикс уште во првата четвртина дојдоа до позитива од 14 поени, а на почетокот од втората отидоа и до највисоките плус 20. Но, следеше враќање на Булсите кои во 32 минута стасаа до своето единствено водство на мечот од 65:63. Сепак, Бостон предводен од Ајзеа Томас повторно за две минути направи плус 10 и повеќе не го испушташе водството.

Томас постигна 33 кошеви со седум асистенции. Џералд Грин заврши со 18 кошеви и седум скокови, а центарот Ал Хорфорд постигна 15 поени и 12 скокови. Кај Булси најдобар беше Џими Батлер со 33 поени и девет асистенции, а по 13 кошеви постигна Никола Миротиќ и Ајзеа Канаан.

Во вториот круг ќе се пласира екипата којашто во преостанатите три меча ќе оствари две победи. Бостон е домаќин во следниот дуел кој е на распоредот ноќта кон четвртокот.

На 2.2 изедначи и Јута којашто во четвртиот меч беше засилена со враќањето на стартерот, центарот Руди Гоберт. „Џезерите“ пред своите навивачи ги совлада ослабените Лос Анџелес Клиперс со 105:98, бидејќи гостите не можеа да сметаат на повредениот Блејк Грифин. Гоберт го повреди коленото во првиот напад од првиот натпревар, а во овој меч учествуваше со 15 кошеви и 13 скокови.

Јута Џез до првата домашна победа во доигрувањето по седум години пауза ги предводепе ветеранот Џо Џонсон кој уфрли 28 поени, од кои 13 во последните седум минути во кои домашните остварија 14 поени предност (25:11). Во воедначената домашна екипа свој придонес во победата дадоа и Родни Худ со 18 поени, Дерик Фејворс со 17 и Џорџ Хил со 13 поени.

Гостите ги водеше Крис По0л кој постигна 27 поени, 12 асистенции и девет скокови. Џамал Крауфорд додаде 25 поени а Деандре Џордан 12 кошеви и 10 скокови.

Серијата со петтиот наптревар кој ќе се игра ноќта кон средата се враќа во Лос Анџелес.

Кошаркарите на Хјустон на гости ја совладаа Оклахома Сити со 113:109 во четвртиот меч од првиот круг од доигрувањето од најсилната лига на свето и поведоа со 3:1 во серијата до четири победи.

Херој на победите на Рокетсите беше 35-годишниот бразилски центар Нене кој постигна 28 кошеви без промашување од игра односно 12 од 12 и имаше 10 скокови. По 18 поени постигнаа Ерик Гордон и Лоу Вилијамс, а Џејмс Харден имаше извонредно лоша шутерска вечер со 5 погодоци од 18 обиди, но го заврши дуелот со 16 поени, седум скокови и осум асистенции.

Расел Вестбрук уште во првото полувреме дојде до „трипл-дабл“ ефект, но не успеа својата екипа да ја доведе до победа. Мечот го заврши со 35 поени, 14 скокови и 14 систенции, но шутираше само 10 од 28 од игра. Центарот Стивен Адамс постигна 18 кошеви, а Виктор Оладипо 15 за Тендерсите кои се соочени со елиминација.

Петтиот дуел ќе се игра во ноќта кон средата, а во неа Хјустон пред своите навивачи ќе бара пласман во конференциското полуфинале.

Актуелниот шампион во НБА, Кливленд Кавлирс изборија пласман во полуфиналето од Источната конференција откако ги совладаа Индијана Пејсерс со 106:102 и серијата ја загршија со максимални 4:0. Индијана уште еднаш беше блуску до победата, откако на две минути до крајот изедначи на 100:100, а на 1,23 до крајот и поведи 102:100 откако поголемиот дел од мечот беа во негатива. Меѓутоа, гостите во последните 90 секунди постигнаа шест поени без да примат ниеден за конечните 106:102.

Кавсите до победата ги предводеше Леброн Џејмс со 33 поени и 10 скокови, Кајри Ирвинг со 28 поени и Дерон Вилијамс со 14 кошеви. Кај Пејсерсите петмина играчи дојдоа до двоцифрен број поени, а најефикасни беа Ленс Стивенсон со 22 поени и шест скокови и Лилерс Тарнер со 20 кошеви и 9 скокови.

Кливленд во конференциското полуфинале ќе игра против победникот од серијата меѓу Торонто и Милвоки, каде што моменталниот резултат е 2:2.

https://www.youtube.com/watch?v=qTbZU0IUrQI