
Паркиран автомобил утринава целосно изгоре на паркинг просторот кај Меѓуградската автобуска станица, под Железничката станица во Скопје.
По брзата интервенција на екипа на противпожарната бригада, пожарот е изгаснат, а крим-екипа од скопската полиција започнала истрага која треба да ги открие причините за пожарот, пренесува порталот Република.