
Секој ден е можен избор на спикер на Собранието. Спикерот на Собранието ќе ги распише локланите избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска Влада, одговри денеска на новинарско прашање Љупчо Николовски пратеник на СДСМ.
На прашањето дали би прифатиле лидерска средба за да се одблокира Собранието, Николовски вели:
– Одблокирањето на Собранието ќе го направи мнозинството во Парламентот. Граѓаните после изборите на 11 декември кои беа резултат на договорот од Пржино и на целиот тој процес во изминатиот период дадоа мандат на нова реформска и демократска Влада. Мнозинството во Парламентот е создадено и наша одговорност е токму поради целиот овој хаос, поради интересот на граѓаните, поради државните интереси, да ги одблокираме процесите и затоа секој ден е можен избор на претседател на Собранието кој ќе ги преземе сите натамошни чекори и распишување на локални избори за да нема хаос во општеството и патот кон избор на нова демократска Влада. Преговорите се внатре во рамки на мнозинството коешто ја доби довербата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и ова криминално раководство се минато и затоа преговорите ќе продолжат токму во рамки на мнозинството во Парламентот. И затоа се логични сите средби помеѓу лидерите на овие политички партии коишто го прават мнозинството во Парламентот.
Тој вели дека мнозинството има план и стратегија.
– Секако дека имаме план и стратегија за тоа како ќе се одблокираат овие процеси, ова насилство наметнато од малцинството. Ние многу претпазливо, трпеливо, мудро и посветено работиме и на планот, и на тоа како ова мнозинство во Собранието коешто го добило и правото, но и обврската и одговорноста да ја води оваа држава кон следните демократски процеси тоа ќе го направи.