Целодневен џез хепенинг под отворено небо

На 30 април (недела), по повод интернационалниот Ден на џезот, пред платото на Младинскиот културен центар во Скопје првпат ќе се одржи манифестацијата Today it’s all about jazz! (Денес се’ е џез!).

Станува збор за повеќечасовен настан со кој Здружението на џез-музичарите и слободните уметници – ЗЏМ ќе се вклучи во мрежата на светските организации што го одбележуваат овој ден од 2011 година.

Манифестацијата ќе биде отворена во 12 часот со првото заедничко претставување пред пошироката публика на студентите од џез-одделот при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
„Белучи квартетот“, во состав Kирил Kузманов (саксофон), Гордан Спасовски (клавијатури), Kирил Туфекчиевски (контрабас) и Благоја Антовски (тапани), ќе се претстави со авторски композиции и џез-стандарди, а подоцна ќе следуваат настапот на „Летечки пекинезери“, составот кој повеќе од една деценија ги обединува слушателите на џез-музиката од сите генерации.

На програмата е и колективот „Сетстат“, кој експериментира во границите на модерниот џез, панк-џезот и слободниот џез, а зад себе има шест успешни албуми.

На интернационалниот Ден на џезот ќе се претстават и „Џоле Грујовски квартет“ и младите инструменталисти од составот „Фиерс“ со звук кој се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритми и мелодии. Во 18 часот подиумот е резервиран за триото на Тони Kитановски, во кое музицираат и Васил Хаџиманов и Виктор Филиповски, кое публиката ќе ја почести со џез-стандарди, но и со дел од нивниот нов материјал.

Следни се „Имеџнери фолклор“, космополитска мешавина од Аргентина, Италија и Македонија, која ја претставува трансферзалата меѓу континентите, културите и луѓето во светот. Во бендот членуваат Лео Џеновезе (пијано, електроника, саксофон, ударни инструменти и вокали), Франческо Марокочи (контрабас, ударни инструменти и вокали) и Александар Петров (перкусии и вокал).

Последни на сцената ќе се појават инструменталистите од оркестарот Биг бенд под диригенство на Емин Џијан со изведба на музиката од легендарните „Битлси“.

Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура.

17759680_1959330707631212_6220595189516810011_n

12 часот: In Between, студенти од џез одделот при „Универзитетот Гоце Делчев” од Штип.

13 часот:  Белучи Квартет

14 часот: „Летечки Пекинезери“

15 часот: „Sethstat“

16 часот: Џоле Грујовски Квартет

17 часот: „Fierce“

18 часот: Тони Китановски Трио

19 часот: „Imaginary Folklore“

20 часот: Битлси, во изведба на ЗЏМ Биг Бенд Оркестар