
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски преку социјалните мрежи информираше дека Министерството за образование и наука ги започна активностите за реконструкција на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во општина Кавадарци.
Се работи за инвестиција во вредност од 5 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за сместување и престој на учениците во овој ученички дом. Реконструкцијата на објектот ќе биде целосно завршена во текот на летниот период.