Борисов го доби мандатот за составот на новата бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев официјално во четвртокот го задолжи поранешниот премеир Бојко Борисов да ја состави новата влада којашто првпат ќе ги вклучи националистете од коалицијата Обединети патриоти која беше трета на парламентарните избори одржани во март.

Обединетите националисти претседателот Румен Радев ги нарече „европски националисти“, и рече дека е уверен оти идната влдата „ќе одговори на очекувањата на Бугарите: безбедноста, зголемувањето на платите, правдата и почитувањето на законите“.

Составот на новата влада би требало да биде објавен следната среда, пред гласањето за неа во парламентот ден подоцна. Нејзиниот челник Бојко Борисов би станал премиер по третпат.

Водечка на предвремените парламентарни избори на 26 март со 95 пратеници од вкупно 240 мандати беше партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), немаше поинаков избор отколку да коалицира со Обединетите патриоти, кои освоија 27 мандати, за да создаде мнозинство.

Националистите веќе му обезбедуваа парламентарната поддршка на Борисов во периодот од 2014 до 2016 година, но тогаш не влегоа во владата бидејќи Европската народна партија (EPP), на којашто ѝ припаѓа ГЕРБ, се противеше на тоа.

Бугарската социјалистичка партија (БСП), којашто се смета во ЕУ за проруски ориентирана, ја предводи опозицијата со 80 пратеници. Партијата на турското малцинство Движење за права и слободи (ДПС) на изборите освои 26 пратеници, а партијата Волја 12 мандати.