
Со оваа платформа која што ја приредивте на Р. Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ. Македонскиот народ со сооднос 3: 1 и повеќе од тоа и вика „НЕ“ на оваа влада и оваа платформа. Оваа влада уште не избрана има ситуација каде што 500.000 луѓе се на улица, кои што ротираат секој ден.
Со овие зборови денеска пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ им се обрати во собранието на пратениците од СДСМ.
Ѓорчев запраша од кои причини конститутивната седница трае толку долго, кога досега тоа не било случај.
-Затоа што во 2006 година ние ве победивме, 45 пратеници со 33. Сега имате пораз кој што е 51 наспроти 49. Имате пораз кај македонскиот народ од 100.000 разлика . Имате пораз кај турската етничка заедница, кај српската етничка заедница, пораз кај бошњачката етничка заедница, кај влашката и ромската заедница. А со оваа платформа која што ја приредивте на Р.Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ . Македонскиот народ со сооднос 3: 1, и повеќе и вика „НЕ“ на оваа влада, рече Ѓорчев.
Тој посочи дека се наоѓаме во важни денови и моменти за македонската државност и додаде дека од настаните кои претходеа и настаните кои што следат ќе зависи иднината на Р. Македонија.
-Може и надвор од сите правила да изберете претседател на Собрание, па една запирка од платформата кога нема да реализирате, ќе нема кој да свика седница на Собрание . Македонија нема да има Собрание, рече Ѓорчев.