Во руски Калининград уапсена 12-члена група која подготвувала напад

( РИА Новости . Виталий Белоусов)

Припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уаспила во средата во емклаваа Калининград дванаесет припадници на терористичката организација Исламски џихад – џамаат муџахедин кои подготвувале напад, пренесуваат агенциите.

Приведените се со потекло од централноазиските диминантно муслимански замји поранепни советски републики, и можно е да учествувале во активности на регрутирање членови за меѓународната терористичка организација, посочи Федералната служба за безбедност.

Утврден е лидерот на терористичката ќелија, кој во Узбекистан бил баран со потерница за кривични дела со екстремистички елементи. Таму неодамна руската армија ги стационираше своите најсовремени ракетни системи.

Стравувањата од регрутирање членови на екстремистичките групи меѓу граѓаните на поранешните советски републики во Централна Азија, каде населението е доминантно муслиманско, во Русија значително се засилија во текот на последниот месец, откако беше утврдено дека атентаторот, кој го изврши самоубиствениот напад во метрото во Санкт Петербург, е Киргистанец, забележаа американските медиуми.

Двајца осомничени поддржувачи на Исламска држава вчера беа уапсени на островот Сахалин, на Далечниот исток од Русија. ФСБ соопшти дека тие планирале терористички напад, но не посочи детали за настанот.