
Испровоцирани од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ му порача:
Заев, директно до тебе:
Не ни помислувај да одиш против народот. Не ни помислувај да одиш против Деловникот и Уставот.
А ако помислиш, ако помислиш да одиш против најголемите граѓански протести во историјата на Македонија… народот ќе зборува. Многу погласно отколку досега. Бидејќи народот е газда во сопствената држава.
Па, повели, пробај.