
Албанскиот народ, сиот народ што сака да живее во границите на оваа држава, а не во друга ние сме на негова страна. Ние се бориме да не дојде до реализација на некои радикални структури кои што и на нив ќе им го растурат животот, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.
„Граѓаните имаат свои секојдневни проблеми, ние правевме се што е во наша моќ да решиме многу од нив и многу решивме. Не постои влада во историјата на Македонија за што за таков период решила толку многу проблеми на граѓаните и инфраструктурни и комунални и отворање на нови работни места и носење на стотици инвестироти кои носеа нови работни места. И решавање на социјални проблеми, зголемување на социјална помош, зголемување од 70 проценти на пензиите, зголемување на платите во администрацијата, но невозможно е се да се реши“ истакна Груевски.