
Сообраќајот во Македонија ви саботата во претпладневните часови се одвива по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.