НБА: Јута во полуфиналето на Западот, Бостон поведе против Вашингтон (ВИДЕО)

Бостонс Селтикс во првиот меч од вториот круг од доигрувањето во Источната конференција ноќта во неделата ги совлада Вашингтон Визардс со 123:111, и поведоа со 1-0 во серијата, додека Јута Џез на гости со 104:91 ги победија Лос Анџелес Клиперс и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција, со резултатот 4-3 во серијата до четири победи.

Ајзеа Томас ден по погребот на помладата сестра којашто загина во сообраќајна несреќа на почетокот од серијата кога тој исто така веќе следниот ден излезе на паркетот, одигра одличен меч, иако во првата четвртина Ото Портер му го изби забот, и натпреварот го заврши со 33 кошеви и девет асистенции за Бостон.

Џо Краудер за Бостон додаде 24 поени, Ал орфорд 21 со 10 асистенции и девет скокови. Кај Вашингтон Бредли Бил беше најефикасен со 27 кошеви, а Џон Вал додаде 20 поени со 16 асистенции.

Јута Џез во Лос Анџелес се пласираше во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција првпат по 2010 година, совладувајќи го во седмиот решавачки меч домаќинот со 104:91.

Гордон Хејвард ги предводеше „џезерите“ со 25 поени. Кај „клиперсите“ најдобар стрелец беше Деандре Џордан кој заврши со 24 поени и 17 скокови, што му е седмиот „дабл-дабл“ во седмиот натпревар од доигрувањето.

Јута Џез во полуфиналето ќе игра против Голден Стејт Вориорс, кои го елиминираа Портланд со 4-0, а првиот меч се игра во вторник во Окленд.