УХМР во најновиот извештај информира дека веќе вечерва ќе се намали облачноста на запад, а преку ноќта се помалку облачност ќе има и во останатите делови од земјата. Ветерот ќе биде послба и ќе се задржи северен.
Утре нè очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 6 до максимални 26 степени.
Во Скопје утре сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 25 степени.
Сончево топло со мала до умерена облачност, но и со услови за попладневна и краткотрајна нестабилност претежно за западот ќе има се до петок кога ќе има почести повремени врнежи повеќе во северните делови од земјата, а ќе почне период во кој повторно ќе дува северен ветер и ќе донесе мало спуштање на температурата.