
Две лица се уапсени а по две уште се трага, откако полицијата од албанско погранично гратче Булќиза, заплени 105 килограми марихуана, кај селото Вичишта, во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.
Нарко-шверецерите биле забележани во зелениот простор. Двајца биле со мотоцикл, додека двајца со автомобил, кои на наредбата на граничната полиција да застанат, се оддалечиле со голема брзина, пукајќи од огнено оружје, при што во опасност бил доведен животот на полицајците.
Полицијата продолжила да ги следи, при што двете лица кои биле во автомобилот се уапсени, додека другите две успеале да побегнат. Уапсените се на возраст од 26 и 17 години и се жители на блиски погранични села.
При контрола на теренот, полицијата пронашла четри вреќи со вкупна тежина од 105 килограми марихуана.
Освен дрогата, запленети се и автомоблот марка „фиат“ како и мобилни телефони.
Истргата, освен во Албанија ќе биде проширена и во Македонија, каде дрогата требало да биде прошверцувана.