Страшна железничка несреќа во Скопје, едно лице во животнa опасност

Едно лице е потешко повредено во железничка несреќа која се случила во понеленикот околу 16,30 часот на пругата кај Новоселски пат.

Според информациите до кои дојдол порталот Курир, несреќата се случила кога воз кој сообраќал од Скопје кон Генерал Јанковиќ удрил во патнички автомобил „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички управуван од Д.С.

Од ударот, Д.С. се здобил со тешки повреди, префрлен е на КАРИЛ во Ургентниот центар и е во животна опасност.