
Во изминатите неколку години, степенот на односите меѓу Македонија и Србија го достигна својот максимум. Ние успеавме со нашите политички активности нивото на меѓусебните односи да го подигнеме на, условно кажано, сериозен максимум. Се воспостави комуникација, профункционира системот на меѓусебна комуникација, кој на некој начин почнува да вродува со доверба помеѓу едното и другото раководство, вели претседателот на ДПС Иван Стоиљковиќ во гостувањето во вестите на ТВ Нова.
Вели дека како учесник во тој процес, тоа го смета како дел од успешната политичка кариера во Македонија.
-Србите и Македонците во изминатите години функционираат на систем на меѓусебно почитување на микро ниво. А кога на микро ниво функционирате на систем на меѓусебна доверба и почитување, многу е лесно после тоа да го дигнете на највисоко ниво кога станува збор за државно политичките односи, рече Стоиљковиќ.
-Овде имаме еден обид некојси да се претстави себеси како регионален лидер, а сѐ уште не излегол од струмичкиот пазар, вели Стоиљковиќ коментирајќи ги изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев.