
Непознати сторители вечерва ја вандализирале влезната врата од станот на Богдан Илиевски Бетмен, еден од гласноговорниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, чии приврзаници и поддржувачи повеќе од два месеца протестира против Тиранската платформа.
Богдан Илиевски и Борис Дамовски, исто така, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“, досега беа цел на вербални напади по нивните и животите на членовите од нивните семејства на социјалните мрежи.
Меѓутоа, очигледно дека истрајноста на иницијативата и сé поголемата масовност на протестите кај некои предизвикуваат нервоза, гледајќи во тоа непремостлива пречка за реализација на своите планови насила да се освои власта и редефинира државата.