Вулин до Заев: Нападот врз Вучиќ го смисли сам, или Рама и Тачи ти рекоа да го кажеш?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во две одделни интервјуа дадени во вторникот за бугарски и српски медиуми, во добро познатиот свој стил се резили и во кажаното за бугарската информативна агенција БГНЕС, но и во интервјуто за српски Курир.

Дека р’бетот на Заев е лесен за виткањем македонската јавност е запознаена уште со неговата изјава од 2008 година кога порача дека „мораме да ја свиткаме кичмата за името“. Заев во денешните интервјуа покажува дека неговата кичма е како ластик и порачува дека сме биле браќа и со Бугарите и со Србите.

„Ние сме браќа, еден народ“, вели Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС.

„Србите и Македонците се братски народ. Европа повеќе ќе нé сака ако ја унапредиме нашата соработка“, рече Заев во интервјуто за српски Курир и додаде дека во Србија на власт е „националистичкото раководство“ на Александар Вучиќ.

На ваквата изјава на Заев реагираше српскиот министер Александар Вулин, кој запраша „дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама, Тачи или Џафери?“