Андонов: ВМРО во историјата и сега се соочуваше со империја, сила многу посилна од овдешните, и тогаш и сега ВМРО ја сочува Македонија

Слоганот 4-ти Илинден на протестите на граѓанските протести мене лично во самиот старт не ми се допадна. Најмногу затоа што е еден вид позајмување на туѓ идентитет. Слично како кога ќе кажат за Охрид, балканскиот Ерусалим. Тоа потсвесно укажува дека Охрид нема своја вредност и мора да позајмува туѓ идентитет за да звучи доволно моќно. А не е така, пишува професорот и политички аналитичар Оливер Андонов, на својот Фејсбук профил.