
Центристот Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција. Според првите проекции на изборните резултати, тој доби 62,5 отсто од гласовите,
39-годишниот Макрон, поранешен министер за економија во владата на социјалистот Франсоа Оланд, е про-ЕУ и вети дека ќе го растресе францускиот политички систем. Сепак, резултатот на Ле Пен е историски највисок за француската крајна десница.
И покрај неубедливата кампања и слабиот настап во последната ТВ-дебата, таа успеа да освои над 10 милиони гласови, двојно повеќе од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој учествуваше во вториот круг од претседателските избори во 2002 година.
Макрон ќе биде најмладиот претседател на Франција и ја презема земјата во вонредна состојба по серијата терористички напади. Тој се соочува и со стагнирачка економија и голема невработеност.