
Американскиот суборбитален разузнавачки авион „Х-37 Б“ денеска успешно се приземји на космодромот во Кејп Канаверал, по над 700 дена минати во орбитата, соопштија американските воено-воздухопловни сили.
„Х-37 Б“ се врати од орбитата и безбедно се приземји во вселеснкиот центар „Џон Кенеди“. Леталото мина над 700 дена во вселенското пространство“, на Твитер посочија американски ВВС.
Ова беше четврти лет на леталото. Тајниот проект „Х-37 Б“, вселенско тест летало на компанијата Боинг (Boeing), во 1999 година почна да се користи од НАСА. Првично леталото за повеќекратни употреби „Х-37 Б“ беше наменет за ремонт на сателити во орбитата. Во 2004 година, меѓутоа, програмата беше прогласена за тајна и им беше предадена на користење на американските ВВС.