72 дена масовни протести за заедничка Македонија (ФОТО)

Граѓани на Скопје вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Граѓаните од пред Владата па се до канцеларијата на ЕУ во Скопје  јасно и гласно кажаа дека НЕ сакаат двојазичност, промена на химната, знамето и државниот грб и дека сакаат нови избори што е можно побрзо.

На денешниот протест кој се одржува по седумдесет и втори пат во Скопје се обратија Богдан Илиевски, актерот Ванчо Петрушевски како и поетот Борче Грозданов.

Освен во Скопје, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

 

DSC_51131-640x427