
Лекарка од Клиниката за нефрологија е најдена мртва синоќа во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според МВР, жртвата е Ј.М.С. (53) од Скопје, која била и професорка на Медицинскиот факултет.
Таа имала повреди од нож во вратот и по телото, како и исечени вени.
Повеќе информации од МВР се очекуваат за подоцна во текот на денот.