Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 6 и дневна до 26 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено сабота. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.