Викендов топло, од понеделник повторно дожд

Стабилно и многу топло време не очекува за време на викендот. Најтопло ќе биде во сабота кога на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-тиот степен. Ќе дува засилен западен ветер.

Утре во раните утрински часови ќе има слаб локален дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Температурите ќе се движат од 8 до 29 степени.

Веќе од почетокот на следната недела ќе има промена на времето кога се очекуваат променливи врнежи од дожд, особено во вторник. Ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.