
Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тимови од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање на ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот.
Тимот Нумеро Уно ги плени срцата на публиката на овогодинешниот натпревар со своето три минутно видео за нашата планета Земја и ја доби номинацијата за People’s Choice Award категоријата на глобално ниво. Огнен Аревски, Томислав Живковиќ, Никола Стефановски и Емил Славковски работеа на предизвикот “Earth is Cool!” зададен од НАСА, а целта на видеото ја објаснуваат во ова кратко видео. Преку нивниот видео спот испраќаат силна порака дека земјата е единствена, а воедно и го поставуваат прашањето ЗОШТО е земјата единствена? Нумеро Уно ќе се обидат навистина да бидат Нумеро Уно и да отпатуваат во Флорида на лансирање на ракета, но за тоа ќе им треба поддршката од сите нас.
Гласајте за нив на следниот начин:
1. Регистрирајте се на следниот линк: https://2017.spaceappschallenge.org/auth/signup
2. Кликнете на линкот кој ќе го добиете на е-маил.
3. На следниот линк кликнете и држете на копчето “VОТЕ” http://bit.ly/glasamzaNumeroUno.
4. Потоа секој ден гласајте по еднаш за нашиот претставник до објавувањето на победниците.