„PromoItalia“ го прослави вториот роденден (ФОТО)

Првиот „anti -aging“ центар во Македонија, „PromoItalia“, вчера го прослави својот втор роденден. Сопственичката на оваа специјалистичка ординација по естетска медицина, Олгица Смојимировиќ, професионалец,  со голем ентузијазам и неодолив шарм, вели дека е навистина среќна жена.

За овие две години, центарот кој нуди врвни и современи услуги следејќи  научни достигнувања од областа на дерматологијата и козметологјата, има повеќе од 2.000 задоволни клиенти, бројка која само по себе говори за квалитетот на услугите.

Што и да напишам во продолжение, нема да биде доволно за да ви доловам како се чувствував цел ден. Роденден каков што ќе се прераскажува се до следниот. Само еден момент се тргнав на страна и ве набљудував, вработени, пријатели, семејство и соработници… сите дотерани, насмеани, разиграни… сите уживавте во музиката, во храната, ве гледав се сликавте, се дружевте меѓусебно, никој од вас не сакаше да си замине. Се чувствував како да сум го освоила светот, се прашував- со што ли го заслужив овој успех? Како ли јас стигнав да бидам најсреќната личност? Знам, овие две години работевме напорно, имавме успеси и лекции, ги издржавме сите предизвици и цврсто стоиме на нозе, но сепак….. вашето присуство денеска, вашите убави зборови и целата енергија која ја ширевте во центарот е одговорот на сите мои прашања- ВИЕ СТЕ НАШИОТ СВЕТ, ВИЕ СТЕ ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ УШТЕ ПОДОБРИ И ЌЕ СЛАВИМЕ УШТЕ МНОГУ РОДЕНДЕНИ, чисто да се потсетиме дека успехот не доаѓа преку ноќ, заедно дојдовме до тука- ВИЕ и @antiagingcentar…. Ви благодарам за се, напиша Смојимировиќ, на својот Фејсбук профил. 

Таа, воедно беше почестена и со благодарницата од Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломати.

18447327_10210419696143744_5025385662356769068_n