
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави во неделата дека „паранојата“ на севернокорејскиот челник Ким џонг-ун по неодамнешните избоди во Јужна Кореја е причина што Северна Кореја лансирала нов балистички проектил.
САД ќе продолжат да го „стегаат обрачот“ околу Северна Кореја преку меѓународниот притисок и можни санкции, изјави за американската телевизиска мрежа ABC News амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли.
Проектилот паднал и на околу 500 километри од територијата на Русија, истакна Хeјли, додавајќи дека Ким Џонг-ун на тој начин нема да заслужи состанок со американскиот претседател Доналд Трамп.
Европската унија лансирањето на проектилот го нарече закана за мирот и меѓународната безбедност, но не спомена нови санкции против Пјогнјанг, а Белата куќа оцени дека „новата провокација“ е повик на „воведување уште поостри санкции“.
Северна Кореја во неделата утрото лансираше балистички проектил од регионот Кусон во близна на западниот брег, кој прелетал околу 800 километри и достигнал височина од 2.000 километри пред да падне во водите на јапонската ексклузивна економска зона.