
Ученик од основно училиште пред неколку дена силувал момче во скопската населба Ѓорге Петров.
Мајката на 10 годишното момче вчера попладне пријавила во полициска станица дека на 10-ти месецов ученик од основно училиште во населбата Ѓорче Петров го пресретнал нејзиниот син, насилно го однел во внатрешниот дел од напуштена детска градинка, го соблекол и извршил блудни дејствија врз него.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.