Сеад Кочан како итен случај примен на Клиника?

Сеад Кочан синоќа бил примен како итен случај на скопските Клиники, објави СДК.мк.

Кочан во доцните часови бил забележан во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, а таму дошол заедно со сопругата. Засега не е познато дали е задржан во болница, што му се случило и каква му е состојбата.

Инаку, викендов беше укинат притворот за сопственикот на „Трансмет”.