Трамп тврди дека има право да споделува информации со Русија, Кремљ ги оценува извештаите како целосна глупост

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има целосно право да сподлува доверливи информации со Русија , а истовремено Кремљ медиумските извештаи дека Трамп на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му открил врвни доверливи разузнавачки информации ги оцени како „целосна глупост“, додека портпаролката на руската дипломатија им советуваше на граѓаните да не ги читаат американските медиуми.

„Како претседател сакав да ги споделам со Русија (на отворената средба во Белата куќа), на што имав целосно право, податоците за тероризмот и безбедноста на летовите. Исто така, сакам Русија значително да ја засилни својата борба против Исламскта држава и тероризмот“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Twitter.

„Сторијата, онака како што е напишана, не е вистинита“, изјави генералот Х.Р Мекмастер, член на Советот за национална безбедност (NSC) кој присуствувал на состанокот. Според генералот, Трамп и Лавров ги разгледувале „заканите од терористичките организации за нашите две земји, вклучително и заканите за цивилната авијација“. „Ниту во еден момент методите на разузнавање или изворите не се споменати“, тврди Мекмастер. „Статијата е лажна. Претседателот разговараше само за заедничките закани со кои се соочуваат двете земји“, на истата линија изјави за американските медиуми првиот заменик на претседателот за национална безбедност Дина Пауел, беа претходните реакции на Белата куќа.

„За нас тоа не е тема, тоа е уште една глупост. Целосна глупост, а не тема којашто треба да се демантира или потврди“, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека примила десетици пораки со прашања да ги коментира споменатите медиумски извештаи и им советуваше на граѓаните да не читаат американски весници кои се занимаваат со ширење лажни сензации.

„Луѓе, зарем повторни читаат американски весници? Не би требало тоа да го читате. Можете да ги користите за различни намени, но не би требало да ги читате. Во последно време, тоа не само што стана штетно, туку и опасно“, порача Захарова.

Според анонимните извори на The Washington Post од редот на поранешни и сегашни претставници на администрацијата, претседателот Доналд Трамп во текот на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатата седмица во Овалната соба во Белата куќа споделил врвни разузнавачки информации за планирани операции на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Тие информации наводно ги обезбедил неименуван партнер на САД кој не му дал дозвола на Вашингтон да ги сподели со Москва, според изворите на весникот. Содржината на овие информации не е објавена во написот.

Иако Трамп не го прекршил законот, претседателот имено располага со голем маневарски простор околу споделувањето на информациите со коишто располга, неговата постапка може да ја доведе во опасноста за споделувањето информации со блиските сојузници. Ширењето на тие чувствителни информации би можело да го открие начинот на кој е дојдено до нив и да ги доведе во опасност изворите, забележуваат критичарите.