
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посетија денеска семејството на малиот Фетах во Тетово и однесоа намирници потребни за секојдневието.
-По сторијата во дел од медиумите за малиот Фетах, се организиравме со Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и генералниот секретаријат при што собравме поголема количина храна и намирници потребни за секојдневието по што денес го посетив семејството на Фетах во Тетово и ја донирав собраната помош. Нема по благородна работа од искрена детска насмевка, каква што ме дочека од малиот Фетах, вели претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.