
Торнадото коешто го погоди западниот дел од американката сојузна држава Оклахома во вторникот навечер уништувајќи или оштетувајќи десетии домови и усмртувајќи најмалку едно лице, пренесуваат медиумите.
Седумдесетина куќи во Елк Сити, град со околу 12.000 жители 180 киломери западно од Оклахома Сити, се оштетен или уништени во торнадото, јавува KWTV повикувајќи се на изјавите на локалните власти.
Загинало едно лице во автомобилот, се наведува во извештајот на телевиијата. Засега нема податоци за тоа колку луѓе се повредени.
Повеќето штети се нанесени во јужниот дел од градот, соопшти полицијата во Елк Сити, повикувајќи ги жителите да останат во своите домови бдејќи далноводите се уранти во целиот град. Наставата во училиштата е откажана.