Чадиев: Оправдани се стравувањата на граѓаните за работата на општините

Стравувањата на граѓаните се повеќе од оправдани и реални, оцени градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

„Точно е дека градоначалниците одат на работа, бидејќи во централниот регистер запишани се градоначалниците и таму законот е јасен како и кај законот за локална самоуправа каде стои дека градоначалникот ја предава должноста на новиот градоначалник седум дена по изборот. Во моментов запишани се актуелните градоначалници, тоа значи дека ние раководиме со имотот на општините,  меѓутоа рацете ни се врзани за да потпишеме решенија и да го правиме сето она што значи тековно работење. Нормална е загриженоста. Пред два дена пристигна известување дека треба да се плати уличното осветлување во сите општини. Иако имаме на сметката на Општина Велес доволно средства, ние не можеме да ја платиме таа сума. Ќе стигнат и платите,  и повторно ние – градоначалниците сме треба кои треба да потпишеме. Имаме училишта, градинки, домови, противпожарни единици, библиотеки, музи, јавни претпријатија итн“, предупреди Чадиев.