
Дваесет и петгодишниот А.Г. во саботата се повредил на работното место и околу 15,30 часот бил однесен во Ургентниот центар во Скопје.
Додека местел салонитни табли една од таблите се скршила и истиот паднал директно на глава. Од страна на доктор на КАРИЛ му биле константирани тешки телесни повреди опасни по живот. На повредениот му била укажана помош, но и покрај тоа истиот починал околу 21.00 часот, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.