
Вардарци место во финалето изборија многу потешко отколку што очекуваа елиминирајќи го големиот ривал Металург во полуфиналето на завршниот турнир што се одржува во Битола.
Првото полувреме црвено-црните го добија со три гола разлика 17:14. Но, во второто полувреме одличен на голот на Металург беше Дарко Арсиќ, а во нападот предводени од Кузмановски и Илиќ, тимот од Автокоманда во 39 минута, дојде до предност од 21:23. Во продолжението се играше гол за гол, за да на шест минути до крајот на мечот резултатот да биде израмнет 29:29.
Во финишот на дуелот Арпад Штербик стапи на сцена и со неколкуте одбрани во низа му донесе победа на Вардар до 31:30, а со тоа и пласман во финалето.
Во првото полуфинале, Еурофарм Работник го совлада Охрид со 26:18.
Вардарци важат за фаворити и ќе се обидат да стигнат до 12-от трофеј во Купот на Македонија, додека за екипата „Работник“ од Битола ова е прво финале.