
Израелскиот премиер Бенјамин Нетајаху изјави денеска дека се надева оти посетата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде „историска пресвртница“ во постигнување на мирот во регионот.
– Нека Вашето прво доаѓање во нашиот региот се покаже како историска пресвртница на патот на помирување и мир, рече Нетанјаху во говорот за добродојде на Трамп, пренесува Танјуг.
Тој наведе дека Израел ја дели заедничката посветеност за мир со САД и дека „Израел дава рака за мир на сите наши соседи, вклучувајќи ги и Палестинците“