Просечната нето плата во март 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока во однос на март лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на повисоките нето-плати во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 отсто), рударство и вадење на камен (7,2 осто) и уметност, забава и рекреација (6,7 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2017 изнесувала 32.999 денари.

Во март годинава, 1,3 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.