Човештвото настанало на Балканот?!

CREDIT: UNIVERSITY OF TORONTO

Историјата на еволуцијата на човекот би можело за започне да се пишува одново, бидејќи научниците во Европа откриле фосили кои укажуваат на тоа дека човекот се раздвоил од мајмунот на овој континент, а не во Африка, се наведува во студијата објавена во научното списение Plos One, јавуваат во вторникот светските агенции.

Повеќето научници веруваат дека човековите претци еволуциски се раздвоиле од мајмуните пред седум милиони години во централна Африка, каде што хоминидите потоа живееле следните пет милиони години пред новата фаза од евролуција.

Начниците, меѓутоа, откриле два фосила на мајмунолики сусштества со човечки облик на забите во Бугарија и во Грција, кои се стари 7,2 милиони години. Откритието на ова суштество, наречено Graecopithecus freybergi, докажуваат дека нашите претци еволуирале во Европа 200.000 години рпед најраните африкански хоминиди.

Меѓународна група научници тврди дека ова откритие целосно ја менува човековата историја, и последниот заеднички роднина на шимпанзите и луѓето, таканаречената еволуциска карика коојашто недостига, се лоцира на подрачјето на Балканот.

Шимпанзата се најблиските живи сродници на луѓето бидејќи со нив делат 95 отсто од гените. Еволуцијата на последниот заеднички сродник за двата вида е централната и најважната расправа во палеоантропологијата.

Во периодот од пред повеќе од седум милиони години климатските промени ја претвориле источна Европа во отворена савата што ги присилило мајмуните да пронадјат нови видови храна и резултирало со премин на двоножност.

„Оваа студија ги менува сегашните идеи поврзани со местата на коишто човештвото ги направило првите чекори. Граекопитекусот не е мајмун. Тој е хоминид и директен предок на човекот. Неговата исхана е поврзана со релативно сувата и цврста вегетација на саваната и затоа, како и кај луѓето, има широки катници и густа глеѓ“, вели професорот Николај Спасов од Бугарската академија на науките.

Научниците ги анализирале двата познати примерока на Граекопитекусот, долната вилица од Грција и горниот преткатник од Бугарија. Користејќи се со компјутерска томографија успеале да ги визуелизираат внатрешните структури на фосилите и утврдиле дека корените на преткатнциите биле поврзани.

„Големите мајмуни типично имаат два или три одвоени корени, а корените на Граекопитекусот се делумно поврзани, што е карактеристика на современите луѓе, раните луѓе и некои видови на предлуѓето“, вели во студијата водителката на истражувањето, професорката Маделајне Беме од универзитетот во Тубинген.

Тоа сугерира дека Graecopithecus freybergi бил хоминид и дека е неколку стотина илјади години постар од најстариот афркански хоминид откриен на територијата на Чад.

„Ова ни овозможува раздвојувањето на луѓето од мајмуните да го сместиме во Европа“, вели палеоантропологот Дејвид Беган од универзитетот во Торонто.

Во текот на посочениот период Средоземното Море пресушувало, што на мајмуните и на раните хоминиди им овозможувало да преминуваат од континет на континент.

„Доколку биде прифатена, оваа теорија ќе го измени почетокот на човековата историја“, вели професорката Беме.

Се разбира, постојат и скептици.

„Можно е човештвото изворно да настанало во Европа, но имаме многу цврсти докази, вклучително и неколку черепи и парцијални скелети, кои тој настан го сместуваат во Африка. Би бил многу претпазлив во спротиставувањето на сознанијата од изолираните фосили со сите докази кои се собрани во Африка“, вели антропологот Питер Ендрјус од Природнонаучниот музеј во Лондон.