
Настанот се случил на улицата „Козле“, на последната автобуска постојка кога непознато машко лице со тупаница го удрило возачот во пределот на главата и му се заканувало со нож, по што со автомобил со скопски регистарски ознаки побегнало од местото.
За кратко време лицето било пронајдено и утврдено е дека се работи за С.А. (34) од село Крушопек, и истиот бил приведен во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.