
Студентите на Природно-математичкиот факултет во Белград се евакуирани од зградата на Хемискиот факултет откако истекла „хемикалија“, јавуваат во средата српските медиуми.
Засега не е познато за каква материја станува збор, а по појавата на дим и звукот на алармот, студентите безбедно ја напуштиле зградата.
Според медиумите, екипи на итната помош се на местото на инцидентот.
Некои од медиумите јавуваат дека во инцидентот е повреден еден професор, но засега нема официјална информација за тоа.